Необичен дизајн на куќа
екој од нас тежнее кон совршен дом, но истовремено често се соочува со многу проблеми за време на изградбата и исполнување на условите кои ги диктираат одредени фактори…
Австралиското студио Make Architecture додаде современа екстензија од цигли на домот во викторијански стил изграден во Мелбурн. Оваа куќа ја врзува улицата со куќата од една, а дворот од другата нејзина страна. Градбата цели кон воспоставување баланс со оваа индустриска естетика и референца на нејзината станбена употреба, вклучувајќи и косо поставен кров, како и мудро позиционирање на фасадата.
Горниот кат е формиран од црно обоена цигла поставена во шема која грациозно се отовора за да се креира перфорирана стреа која е поставена на работ на терасата на кровот. Циглата е користина за да се обележи конекцијата помеѓу зградата и нејзината околина, со црна површина која претставува омаж на индустриското наследство во оваа населба.
Во внатрешноста, новиот простор за живот изгледа како заштитен дел на интерниот двор зголемувајќи го чувството на приватност во просторијата во ентериерот. Стилот е модерен со детаљи од средината на минатиот век, со изобилство на природно светло и декор, но и аксесоарите во различни бои. Повеќето простории се дизајнирани во бела боја која ги исполнува со светлина. Помеѓу старата зграда и новиот дел се наоѓа ходник кој ги спојува и функционира како простор за читање и комплетно се отвара кон терасата.
Градината поседува премин кон скалите и се одвојува од кујнскиот простор. Оттука се протегнува низ новата главна спална соба. Оваа градина содржи растенија во скасии и нуди поглед на гранките на околните дрвја. Во склоп на куќата се наоѓа и базен прекриен со бела цигла.