Данска суптилна елеганција
Доколку сакате да дознаете што е смирувачка и минималистичка елеганција тоа можете да го видите во овој стан во Копенхаген кој инаку е дом на Нејтан Вилијамс, основач на магазинот Kinfolk.
Ентериерот на овој комфорен стан доаѓа во вид на опуштен простор декориран и опремен со мебел кој без никаков сомнеж е совршен примерок на едноставната данска елеганција.
Трепезаријата се состои од црн трепезариски комплет и едноставен лустер во форма на топка кој виси над нив. Прекрасниот плафон и потполно белите ѕидови креираат смирувачки простор, додека недостатокот на непотребни работи претставува уште една од клучните карактеристики која во сето ова помага.
Дневната соба исто така е декорирана и опремена со идентичен паркетен под, бели ѕидови и плафони. Овој простор изгледа шик и релаксирачки, акцентиран со ретро црна софа, заедно со неколку темни масички за кафе.
Уметничките дека кои го красат ентериерот се исто така многу атрактивни, а богато ткаениот тепих овозможува дополнителна текстура во просторијата. Секаде низ станот може да се види изобилство на книги наместени на совршен начин.
Всупност голема колекција на литература уредно е наредена на подот и прекриена со рефлектирачки метални површини кои идеално ги акцентираат. На овој начин, оваа обича колекција на книги станува нераскинлив дел од ентериерниот декор.