29
Jun

10 најубави детски соби избрани по принципот Монтесори

[stm_post_info]

Монтесори принципот е метод на уредување на ентериери за деца кој ја нагласува независноста и слободата со поставување на граници во рамките во кои се одвива правилниот детски развој.

Овој метод пред сè ги негува функционалноста и минимализмот. Доколку поставите мебел во детската соба така што секој предмет ќе биде лесно достапен, ќе го забрзате патот на детето кон неговагта независност. Исто така, не е пожелно да го натрупате просторот со непотребни работи – детето кое има куп играчки попрво ќе побара забава на друго место отколку што ќе избере некоја од нив.

Според Монтесори методот помалку е повеќе и секој предмет има свое место. Дека едноставното може истовремено да биде и убаво ќе ве уверат овие 10 собу избрани токму според овој принцип:

Бел минимализам

Белата боја дава нота на елеганција и чистина во просторијата во која се наоѓа. За визуелниот впечаток на пространост допринесува и функционалниот мебел со едноставна форма и прави линии. За да избегнете собата да изгледа монотоно, додадете детали (како играчки и книги за деца) во силни бои.

Детали од џунглата

Мали детали како чадор во форма на огромен лист, доволен е да ја заскокотка бујната фантазија на Вашето дете и да му го отвори прозорецот кон преубавиот свет на дива природа.

Куќичка во средина на собата

Децата обожаваат куќички на дрцо кои се неизоставен дел од филмовите и цртаните за деца. Доколку немате двор или доволно големо дрво, зошто не би ја пренеле куќичката во детската соба? Она што е интересна идеја е креветот во форма на куќа во кој Вашето дете секогаш ќе има чувство дека учествува во авантура со јунаците од неговиот омилен филм.

Пачворк техника

Доколку сте пзабележале дека вашето дете покажува склоност кој уметноста, прилагодете ја собата на неговите еклектични интересирања. Поврзете различни материјали, бои, форми и декорирајте ја детската соба така што ќе потсетува на уметничко студио.

Црно – бел мозаик

Родителите најчесто ја избегнуваат црната боја во детските соби. Сепак, контрастот на црно – белата ефектно ја разбива монотонијата на просторијата, поготово ако дел од мебелот е уреден во неутрални тонови.

Шарено поткровје

Доколку детската соба се наоѓа на поткровје, изберете функционален мебел кој ќе го извлече максимумот од просторијата со неправилем облик. Под прозорот поставете смаса за работа или мала трепезариска каде вашето дете ќе може да приредува имагинарни чајанки за своите плишани пријатели.

Во природа

Научете го детето уште веднаш да ја сака природата. Опкружете го со зеленило и животни – со помош на лепенки кои ќе ги залепите на ѕидот или тепих кој наликува на пролетна трева.

За малите научници

Доколку вашето дете повеќе сака да разгледува книги отколку да игра со играчки, уредете ја собата во склад со неговите научни афинитети. Секаде по собата поставете детали кои ќе го разбудат неговиот истражувачки дух – од азбука на ѕидот до играчки на склопување и перници низ кои е испишана некоја изрека и мото.

Балдахин

Децата обожаваат катчиња во кои може да се повлечат и сокријат од вашиот поглед. Овозможете му на вашето дете или девојче малку приватност така што во нивната соба ќе поставите балдахин.

Ѕвездени ноќи

Доколку живеете во градот каде навечер ѕвездите не се гледаат, пренесете парче ѕвездено небо во собата на вашето дете. Секоја ноќ, детето ќе потоне во сон со погледнот кон ѕведите.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]