Блог

Како да се пронајде идеалното осветлување секогаш е прашање во секој дом. Изборот на соодветна ламба покрај функционалноста мора да исполни уште еден услов – естетски да се вклопи во амбиентот.

Постојат милион различни работи кои уметниците и дизајнерите во последно време ги прават со светлината – од боење, зголемување или намалување на интензитетот, манипулација со формата. Вистинската кобинација на светлина и сенка му додава на просторот сосема нова димензија, а внимателно избраната ламба станува украс кој дава посебен печат во домашната атмосфера.

Секој од следните 10 лустери игра двојна улога – тие се извор на светлина, но истовремено и врв во уметноста и креативноста.

Облак

Не само што оваа ламба игледа како облак, таа е и интерактивна – светлата наизменично се палат и гасат и креираат илузија на олуја.

Балони

Сетот го содржат три лампи од кои две се поставуваат на таванот, а една на ѕидот. Лампите изгледаат како да лебдат во просторот, а илузијата дополнително ја зголемуваат каблите кои потсетуваат на конци поврзани за вистинските балони.

Глуварчиња

Претворени во прекрасни светлосни тела, во транспарентна стаклена кутика вечно се заробени во својата етерична убавина.

Стаклена градина

Чешката дизајнерка Кристина Појерова смислила 2 во 1 ламба во форма на стаклена градина. Мини градината е навистина функционална  – во неа можат да се одгледуваат ситни билки и зачини.

Шума

Овој лустер е како создаден за љубителите на мистериите и хорор филмовите. Откако ќе се запалат сијалиците, целата соба се претвара во таинствена зимска шума, со дебели, разгранети стебла без лисја.

Риби

Дури и кога ќе се запалат сијалиците, ќе ви биде тешко да поверувате дека инсалациите кои ги набљудувате не се живи риби фатени додека се движат. Оваа серија на ламби е дело на архитектот Френк Гери.

Мрзеливи сијалици

Обичните сијалици добиле модерен осврт – наместо симетрична форма, ги прилагодиле своите тела според предметите на кои се наоѓаат. Како и луѓето кои доаѓаат уморни од работа, опуштени на тросед и овие светилки се распаднати насекаде – на под, столица или маса.

Искршени садови

Кога ќе влезете во просторија со овој лустер, ќе имате чувство дека сте влетале во акционен филм во моментот кога стаклото и скршените садови летаат на сите страни. Дури на втор поглед сфаќате дека стан ува збор за иклучително необично, но привлечно идејно решение за освелување на ентериерот.

Книги

На прв поглед оваа пренослива лампа изгледа како вистинска книга, дури има и корици. Меѓутоа кога книгата ќе се отвори, внатер наместо хартиени страници се појавува ламба.

Соѕвездие

Оваа ѕвездена ламба не е само убав украс, туку може да послужи и во едукативна цел бидејќи низ неа се исцртани најпознатите соѕвездија.

Погледнете ја галеријата: