03
Jul

Мал гламурозен дански стан

[stm_post_info]

Овојпат Ви претставуваме стан на една писателка, фотографка и моден дизајнер, чии вештини можат многу јасно да се видат преку нејзиниот дизајн на измешан нордиски, гламурозен и вонвременски стил…

Овој скандинавски стан не е типичен нордиски, бидејќи и припаѓа Аники вон Холдт, уметник кој се занимава со неколку различни правци од дизајнерскиот свет. Како стилист, фотограф и писател, Аника ја инмпресионирал и светот на дизајнот како и чувството за детали кои може да се видат заедно на едно место како целосен изглед на нејзиниот дом. Покрај тоа, овој стан содржи изобилство на елементи од областа на нејзините професии и гламурот кој не е типичен за данскиот стил на ентериер.

Нејзиниот мал стан е сместен во историскиот дел од градот и зграда која е стара околу 20 години, опкружена со дрво, достојна за секој од филмовите на Тим Бартон. Дизајнот на овој стан комплетно е променет од страна на сопственичката, но оригиналноста и стилот останале недопрени. На таванот сеуште се наоѓаат изработки од гипс, отворите за оџаците се на ѕидовите, прозорците вешто се сокриени, а во ентериерот се наоѓаат многу врати.

Аника избрала монохроматска палета на бои со неколку контрастни елементи. Може слободно да се каже дека користела минималстички стил на гламурозни детали и вонвременски елементи. Аника тврди дека многу сака да купува мебел и аксесоари со вонвременски стил кои поседуваат одредени неправилности бидејќи смета дека тие можат да изгледаат прекрасно кога се употребуваат во широката палета на декоративни карактеристики. Јасно може да се види дека сопственичката на станот сака декорирање, мода, дизајн и фотографија, бидејќи тој е исполнет во целосната тематика на станот.

Просториите во ентериерот се пространи и совршено осветлени, што претставува традиционална карактеристика на скандинавскиот стил. Внатре може да се видат традиционални бели дрвени подови и ѕидови, но исто така има допир на гламур како што се зголемените црно – бели фотографии, големите префинети метални рамки или крзнените компоненти.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]