Вонвременски и прекрасни тиркизни бањи
Бањата е најчесто една од оние простории кои се издвојуваат од остатокот во ентериерот…
Просторот во бањата може да изгледа како свет за себе и да делува потполно поразлично од остатокот во куќата, овозможувајќи ни слобода и можност за внесување различен декор кој дава чувство на гламур или опуштање.
Тиркизните бањи поседуваат вонвременски и упадлив ентериер. Тие се идеален избор за модерни домови како и за оние кои настојуваат да го зачуваат антиквитетскиот амбиент. Со тиркизен ентериер, бањата секогаш овозможува чувство на луксуз и заслужува наслов „ограничено издание“.
Ведра палета на бои
Тиркизната боја поседува многу нијанси и сите тие делуваат многу весело, дури и тогаш кога се поставени во многу светли и полирани простории. Сите нијанси на тиркизната боја внесуваат топлина во просторијата, а и покрај сите нивни неутрални карактеристики, потполно се издвојуваат од ладните и празни тонови со ладен карактер.
Тиркизните плочки во просторот за туширање имаат влијание на целиот простор, а доколку тој поседува стаклени ѕидови, ќе дозволи оваа боја да стигне и до остатокот од бањата. Оваа боја создава посебно катче во светлите бањи, но и понатаму влијае и на остатокот од ентериерот.
Доколку не се плашите од изборот на една доминантна боја, имајте на ум дека бањата може да стане многу истакнато со тиркизни позадини. Од друга страна, можете целокупната бања да ја обележите со оваа боја, која совршено се совпаѓа со неколку бели акцентирани елементи.
Живописен и светол ентериер
Тиркизните бањи делуваат енергично и живо. Можеби ова е поради тоа што станува збор за многу живописна и интензивна боја или поради силниот карактер на бањата. Овој простор претставува удобно парче од рајот кое ви овозможува прекрасно чувство во истиот момент кога влегувате во него, облевајќи ве со радост и позитивна енергија.
Од причина што тиркизната боја е силна, само еден ѕид во оваа боја може да биде доволен за да се дефинира целосно бањата. Таа без никакви сомнежи ја превзема главната улога во просторијата со модерен изглед. Комбинитана со под од тврдо дрво создава совршен контраст и моќен изглед.
Кога станува збор за малите тоалети, тие можат да го покажат целиот свој потенцијал тогаш кога ентериерите се вибрантни и весели. Затоа тиркизната е вистинскиот избор.
Спа атмосфера
Постои нешто многу посебно поврзано со тиркизните тоалети што можеме многу лесно да го споредиме со дизајнот поврзан со спа центрите. Капењето во ваков простор може да претставува ритуал, благодарение на ладниот тон на тиркизната боја поради која е создаден ваков инзвонреден амбиент.
Комбинирањето на различни тиркизни нијанси создава разновиден простор, балансиран со темни плочки и када обоени во боја на мента. Етериерот креиран на овој начин станува хармоничен и контантен, совршено прикажувајќи ги двете страни на тиркизната боја – одважна и смирувачка.
Невозможно е да се каже дека бањата не добива пософистициран изглед тогаш кога стаклените површини ќе се измешаат и ќе ја зголемат убавината на тиркизната боја која го краси просторот.
Погледнете ги фотографиите: