05
Jul

Идеи за дневни соби во екстериерот

[stm_post_info]

Создавањето на пријатен простор за седење надвор од домот моментално е популарен избор во екстериерното уредување и не е воопшто тешко да се види зошто…

За тоа како би изгледал тој простор останува на Вас. Сепак, некои од овие површини претставуваат нешто повеќе од уметнички дизајнирани места за седење кои поттикнуваат комуникација. Други се многу поекстравагантни, поседуваат комплетно сè, од надворешни кујни до големи телевизиски сетови.

Удобни места за седење како клучен елемент за надворешните дневни соби

Мора да ви кажеме една мала тајна… Во ваквите екстериерни амбиенти, владеат местата за седење. Доколку не постои доволно простор за седење и одмор, сето она што дополнително ќе го поставите нема да го има вистинското значење. Вистинските места за седење, посебно тогаш кога се меки, богато тапацирани и удобни, претставуваат компоненти кои носат сигурна, широка употреба на дневната соба во надворешното опкружување.

Со сето ова на ум, кога ќе го  дизајнитате својот простор, потсетете се дека комфорот, квалитетот и големината значат многу. Бидејќи мебелот за екстериери може да биде голема инвестиција, многу е важно да купите парчиња кои ќе одговараат на вашите потреби.

Додадете извор на топлина

Имајте на ум дека повеќето места за седење организирани околу одредена централна точка или дизајнерски елементи кои привлекуваат внимание. Во екстериерниот дел во кој е креирана надворешна дневна соба, изворот на топлина налик на мал камен или големо вградено огниште претставува многу добар избор.

Овие карактеристики не само што ќе додадат драматично чувство на вашиот простор, туку и ќе бидат неверојатно корисни. Дополнувањето со извори на топлина во вашиот надворешен простор може да го зголеми времето кое ќе го поминувате во него и ќе уживате. Каминот може да ви дозволи да поминете повеќе време на отворено за време на ладните ноќи и сезонските промени, кои би го направиле овој простор неупотреблив.

Размислете за покрив над просторот

Како додаток на изворите на топлина, исто така можете да ја продолжите својата екстериерна дневна соба доколку вклучите и различни покриви кои ќе ве заштитат од дожд, сонце и слично.

Постои огромен избор на настрешници од кои можете за изберете. Исто така може да изберете чадори за сонце, тенда, беранда или пак полу – отворени сончеви соби.

Мешајте стилови, бои и текстури

Тогаш кога сите елементи ќе ги поставите на нивното место, ваша следна задача е дизајн на ентериерот. Во одредени делови, користат истите правила како и за уредување на ентериер, но надворешните соби навистина поседуваа неколку значајни делови кои мора да ги имате на ум за да ја остварите својата визија.

Главниот факт кој треба да го запаметите е дека надворешните места за седење можат да бидат купени како единствени компоненти кои со тек на времето стануваат монотони без никакви додатоци. Вклучете различни дизајнерски елементи, бои и текстури за да го збогатите изгледот на вашиот екстериерен простор.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]