06
Jul

Правилно декорирање со цветни тапети

[stm_post_info]

Летото е во полн ек и целата природа околу нас веќе е расцветана…

Доколку сакате уште посилно чувство, можете да се определите за ѕидни тапети со цветен дезен. Ова е вонвременска и елегантна идеја која никогаш не станува демоде. Ви претставуваме неколку начини на кои можете да ги внесете цветните ѕидни тапети во својот домашен декор.

Цветни ѕидни тапети во спалната соба

Цветните тапети се многу често користени во спалните соби и тоа не само во оние со женствен стил. Тоа можат да бидат било кои тапети со цветен образец, на пример разнобојни и драматични, природни и пастелни, темни и впечатливи. Еден акцентиран ѕид е сосема доволен за да се креира атмосфера, но исто така може и целата соба да се освежи со цветен декор и да ја направи префинета. Одберете боја и палета на бои  според вашите желби и стил, пуштете го допирот на природата во својот дом и уживајте во чувството како да сте во голема цветна градина.

Цветни ѕидни тапети во детското креветче или детската соба

Доколку имате ќерка или две девојки, користете цветни ѕидни тапети во нивните соби. Одберете нежни пастелни бои поради креирање на романтичен простор или бои кои ќе направат вашите деца да ги чувствуваат веселите допири на летото.

Флорални ѕидни тапети во кујните и трепезаријата

Освежете ја својата кујна или трепезарија со цветни тапети на еден или повеќе ѕидови. Бојата и палетата од овие печатени декоративни елементи зависи од вас, вашиот вкус и стил. Цветните ѕидни тапети можат да изгледаат неверојатно убаво кога се комбинирани со изработки од гипс за да му овоможат на вашиот простор префинет изглед.

Цветни тапети во тоалетите

Претворете ја својата бања или тоалетен простор во рајски амбиент со светни тапети. Употребата на овие тапети во бањата може да стане прекрасен и многу актуелен тренд. Со нив можете да прекриете еден ѕид или сите, додавајќи метални акцентни карактеристики.

Дневна соба со експлозија од цвеќиња

Вашата дневна соба може да стане вонвременска и шик со овој вид на тапети. Залепете ѕидни тапети со флорален дезен и додадете текстил или парчиња мебел кој е соодветен за овој ентериер. Во дневната соба можете да користите темни тапети за да создадете префинет изглед или да одберете нежни пастелни за да го внесете духот на пролетта.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_post_author_box css=”.vc_custom_1430549306597{margin-bottom: 50px !important;}”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]