07
Jul

ШИК ГАРСОЊЕРА НА ЕДНА МОДНА БЛОГЕРКА

[stm_post_info]

Кет Танита, блогер кој стои позади големиот портал „Со љубов од Кет“, поседува фантастичен вкус за мода и обожава совршени плакари…

Таа поседува стан кој се вклопува со сите нејзини особини и квалитети кои ги вреднува/ Нејзиниот мал стан е олицетворение на шикот и поседува стил кој се вклопува во различни теми. Гарсоњерата сместена во Вест Вилиџ изгледа како да има 620м2 и претставува пример за правилна просторна искористеност.

Кет се преселила во Њујорк на 22 години откако го положила својот дипломски испит на дизајнерскиот факултет и веднаш почнала да работи за една помала златарска компанија. После кратко време станала директор на брендот и добила шанса да научи сè околу управувањето со компанијата. После една година, Кет одлучла да ја прекина својата златарска кариера и основала своја блог страница и фирма за консултации на полето на дизајнот. Останатото е, како што вели таа, историја.

Кет го открила овој мал стан кој и покрај првичната незадоволителна состојба, најмногу и се допаднал. Таа го видела целиот потенцијал кој го поседува и решила да се впушти во авантура вложувајќи многу труд и време во неговото планирање и реновирање за да го претвори во вистинско уметничко дело, како што е денеска.

Целосниот ентериер на оваа гарсоњера е финиширан со бела боја, а Кет започнала со големи парчиња како што се софата и креветот, додавајќи го и останатиот мебел подоцна со тек на време. Како што тврди таа, поседувањето на стан во кој поголемиот дел од работите се бели вклучува многу труд околу чистењето. Таа затоа има  поставено ленени прекривки на својата софа за да не се валка многу често.

Најзабележителниот елемент на станот доаѓа со вешто употребената црна боја. Влезната врата е црна и прави многу убав контраст со белите ѕидови. Турскиот тепих со прекрасни шари додава одредена доза на боја и го збогатува просторот во станот создавајќи чувство на гостопримливост. Спалната соба исто така поседува црни украси на ѕидовите кои внесуваат елеганција во просторот.

Домашната канцеларија претставува омилен простор на сопственичката и тоа поради многу добра причина. Кет еден дел од својот скромен стан го претворила во голем плакар со канцеларија од кој може да ужива во погледот на Вест Вилиџ. Оваа површина изобилува со природна светлина која додава нов слој на топлина.

Остатокот од станот е дизајниран на ист начин, збогатен со уметнички карактеристики. Во спалната соба секогаш може да се види свежо цвеќе кое е тука заради природната свежина. Големиот гардеробер се состои од специјално креирани полици од страна на компанијата ИКЕА. Ѕидовите се разубавени со прекрасни уметнички дела кои ги врзуваат сите различни елементи на дизајните заедно.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]