Максимално искористен ентериер на стан во Шпанија
Сопствениците на овој стан во Шпанија сакале да го „отклучат“ целиот негов потенцијал и да го претворат во модерен и практичен амбиент
Дневната соба изгледа свежо и елегантно. Таваните и ѕидовите се прекриени со светло обоени дрвени греди, а остатокот од ѕидните површини е прекриен со бели тонови кои ја прават површината удобна и гостопримлива во исто време.
Тиркизната софа ја прави централната точка на дневната соба, со зелени столчиња од трска. Просторот за складирање е организиран со помош на вградени ѕидни плакари. Кујната е модерна и во неа се наоѓаат бели и светло обоени дрвени елементи од мебел како и црн врамен прозорец. Малиот простор за појадување е организиран на тој начин што е поставена светло обоена плоча заедно со неколку висечки светлосни тела.
Спалната соба во станот е мала, но многу функционална и многу комфорна. Оваа просторија е исполнета со светлина и поседува изобилство на бели тонови кои рефлектираат. Разнобојните ламби и текстилот создаваат убави акценти и овозможуваат интересни точки во просторот. Оваа соба е одвоена од плакарот со стаклена хармоника врата, која освен што штеди простор, исто така пропушта светлина во просторот.
Тоалетот се состои од доста стаклени и темни плочки. Големото огледало визуелно ја проширува површината, а белите шкафчиња и останатите елементи го збогатуваат просторот и се есенцијална состојка на малите тоалети.