11
Jul

Шик скандинавски стил на ентериер

[stm_post_info]

Доколку сакате да го освежите својот дом, никогаш нема да направите грешка со шик скандинавски стил кој може Вашиот дом да го смени од корен…

Прво, мора да ги замените своите подови со светли дрвени облоги, кои автоматски можат да го поправат изгледот и атмосферата во просторот. Исто така, вреди да се размисли за додавање на персиски тепих кој може да додаде уникатни шари во ентериерот. Заедно со тоа, никогаш не можете да згрешите со бојата за ѕидовите и плафонот кои се украсени со бели тонови, додека изборот на камен или светло кафена боја ги акцентира површините и отвара моќности за креирање на визуелна хармонија.

Кога се работи за селекција на мебелот, во овој случај можете да се определите за софа или аголна гарнитура во бела или беж боја која подоцна ќе ја декорирате со удобни неутрално обоени ќебиња, како и прекривки од лажно крзно кои се практична декоративна опција.

Дополнувајќи со неколку гламурозни декоративни елементи, едноставно закачување на црн кристален лустер, посебно на високи тавани, за да ги истакнете важните детали на дизајнот, ќе создадете совршени карактеристики на скандинавскиот стил. Исто така, можете да додадете софистицираност на Вашиот простор со неговото декорирање со сувенири од Вашите интернационални патувања.

Во случај да сте дете во душата, може ќе посакате да размислите за закачување на неколку лулашки во својот простор во дневната соба. Како истакната централна точка во просторот, лулашките сигурно ќе го привлечат вниманието на гостите.

Последната идеја инкорпорирана во скандинавскиот стил во Вашето дизајнирање на ентериерот е боење на полици во црна боја каде што сите предмети кои ќе ги псотавите на нив ќе се истакнат на најубав можен начин. Од друга страна за гостопримлив изглед во ентериерот, дополнете со растенија во саксии, кои можете да ги распоредите низ целиот дом.

Кога се работи за дизајнирање на дневната соба во скандинавски стил, определете се за интересни уметнички парчиња инспирирани од ретро стилот. Ако сакате својот животен простор да го збогатите со нов изглед, ви даваме можност за инспирација која ќе ја погледнете во нашата галерија.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]