Класична ирска куќа претворена во идилична викендица
Дали некогаш сте сонувале да престојувате во шарматна мала куќа во традиционален стил?
Оваа бела селска куќа со црвен челичен кров претставува инкарнација на една таква градба, а изградена е во гратчето Треангравиве, сместен на брегот на езерото. Куќата е прикриена внатре во дивиот природен пејзаж и овозможува уживање во погледот на непрегледните полоња и планински венци во далечината.
Ова некогаш било скромно прибежиште на локалните планински овчари, кое е претворено во викендица од соништата. Новиот кров од дрвени греди е изграден од материјали кои се набавени од околните шуми. Земјениот под е потполно реконструиран со материјали направени од локалните жители, додека избелениот рустичен ентериер нуди стилско и едноставно прибежиште од сите природни елементи.
Дневната соба, трепезаријата и кујната се соединети во една просторија која не е премногу голема, но е многу удобна. Во неа се наоѓаат грубо обработени дрвени греди и нерамни бели ѕидови, а место за седење покрај огништето претставува најдобра позиција за уживање во природата која го оплеменува ова место. Собите за спиење се одвоени од овој простор и нудт приватност. Главната спална соба претставува воодушевувачки амбиент, опремен со панорамски прозор од кој има неверојатен поглед. Другата спална соба е за двајца и се состои од вонвременски мебел, кој дава неодоливо рустично чувство.
Ваквата традиционална куќа со волшебен пејзаж претставува совршено место за опуштање и заборавање на сите проблеми додека мирната природа која го краси овој дел на Ирска, дефинитивно помага во тоа. Куќата се состои од отворен простор, со дневна соба, трепезарија и кујна на едната и спални соби на другата страна.