15
Jul

Мала кујна со винтиџ детали

[stm_post_info]

Кога имате мал простор, а големи соништа, тогаш мора многу внимателно да размислувате за уредување и декорација на својот дом…

Токму тоа беше случај со кујната за која ќе зборуваме овојпат. Оваа малечка кујна пред реновирањето била просечна и обична, а сега е прекрасен простор исполнет со нијанси на сина боја и винтиџ детали, кои престојот во неа го прават совршено поминато време.

Со оглед на тоа дека количината на достапен простор била главен предизвик за ре-дизајн на оваа кујна, во неа се искористени елементи кои штедат простор, како мали машини за садови и лебдечки полици кои сега се простор наменет за појадок.

Сината и белата боја преовладуваат во овој дел од куќата, додека внатрешноста на полиците е декорирана со омилените кувари на сопственичката. Во еден агол се сместени сите потребни работи кои мора да се на дофат на раката. Мини чиниите и винтиџ саксиите на прозорот во себе кријат десерти за куче, прстени и други ситници кои мора да се остават некаде на одредено време.

Сопственичката на куќата решила од својата кујна да направи неверојатно функционален простор, па решила да ги употреби своите колекционерски предмети за да нема потреба од користење на работната површина за ситници. Во оставата можеме да забележиме полици кои се наредени во совршен ред, додека на задниот дел од вратата се наоѓа заштрафена папка со мени од различни ресторани кои вршат достава.

Успехот од планирање на просторот на оваа мала кујна може да се прешише на стратешката употреба на отворените полици. Омилените чинии и чаши се сместени на полицата веднаш до фрижидерот, додека работите кои се користат поретко се наредени позади нив. Во едниот дел на оваа кујна, направени се полици во ѕидот и во нив се изложени преубаи елегантни чаши. Мора да признаеме дека оваа идеја многу ни се допаѓа.

Кога имате мал простор во кој сакате да внесете многу работи, тогаш сите ситници мора да бидат пријатни за Вашето око. Ако сè уредите според боите, формите или дезените, ќе добиете кохезивен простор во кој секој поминат миг ќе биде пријатен, токму како што тоа е случај со оваа кујна.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]