„Gucci Home Decor“ го освојува светот
Модната куќа Gucci влегува во светот на декорот на домови од септември оваа година…
На својот Инстаграм профил, тие веќе открија деја ќе лансираат своја линија , која дефинитивно ќе ги воодушеви сите љубители на овој бренд, бидејќи е полна со смели и екстравагантни дезени. Колекцијата ќе содржи мебел и декоративни парчиња кои ги креирал креативниот директор на овој бренд, Алесандро Микеле, кој моментално со својот огромен талент ќе се „транспортира“ во светот на декорациите за домот.
Веднаш мора да ви кажеме дека оваа линија не е за оние кои сакаат минимализам – богата е со интересни графики, везови, украси и други детали. Парчето кое најмногу се издвојува е Chiavari столчето направено од црвено лакирано дрво. Тапацирот на ова столче е украсено со вез во форма на мачка и цветни дезени, кои се присутни на уште две столчиња во зелена и пастелно сина боја.
Линијата содржи разни перници кои се максимално декорирани со вез. Всушност, Алесандро Микеле ги дизајнирал овие плишани перници за модната ревија Gucci Cruise, кога тие биле дел од пакетчињата – подароци за гостите. Мотивот на мачка доминира во оваа линија, како и динамичните бои како розева, бордо, црвена и зелена.
Во понудата се и миризливи свеќи, чинии, метални послужавници и други ситни порцелански парчиња кои ги креирал Ричард Гинори, реномиран бренд кој се занимава со оваа работа од 1735 година. Гучи декоративната линија е сè само не едноставна. Тука се и дизајнерските паравани кои ја прикажуваат љубовта на Микеле кон деликатните дезени, посветени на сите љубители на винтиџ стилот.