Заборавете на ѕидови – нов начин за преградување на модерни простори
Бидејќи се повеќе луѓе имаат потреба, а и желба да го максимизираат својот простор, отворениот (open space) начин на уредување на просторот повторно станува најпопуларен.
Отворениот план се постигнува со максимално искористување на секој квадратен метар, како и светлиот простор кој инаку е предизвик да се постигне во домовите со мала квадратура.
Пречка за постигнување на таков простор е секоја преграда која го намалува просторот и го прави потемен. Земајќи го сето ова во предвид не нè изненадува фактот што стаклените прегради во ентериерот се барани се повеќе.
Со употребата на стаклени прегради добиваме преградени функционални целини, но не губиме на квадратура, добро осветлување и чувство на пространост.
Овој начин на поделба на просторот не е за оние на кои им се потребни функциите на визуелна и звучна изолација која ја добиваме со вообичаеното преградување на просторот, но за оние флексибилните ова може да биде вистинско решение.
Погледнете одлични примери во галеријата на фотографии во прилог.