Цртање на ѕид: Урбана култура во собата
Белиот ѕид е идеален полигон за креативност. Тапети? Боја за ѕид? Или едноставно слики и фотографии? Можностите се различни, а еден од најатрактивните начини за декорирање на ѕидовите е сликањето. Без разлика дали тоа ќе го направите сами или ќе повикате уметик, едно е сигурно, мотивот и бојата ги избирате Вие. На крајот, на ѕидот може да имате лик од својот омилен јунак или атрактивна апстракција која ќе привлекува погледи.
Наместо слики
Предноста на сликањето на ѕидови најпрво е препознава кај флексибилната и корисна примена. Всушност, сите ние во домот имаме некој дел од ѕидот кој е празен и му треба нешто што ќе го „подигне“, а ниедна слика или украс просто не се вклопува со дизајните во овој дел.
Затоа сликањето е одличен избор за такви случаи, бидејќи е прилагодливо за сите димензии, како и стил за внатрешно уредување. Мотивите се разни, од свеќе, листови, ангели или стилизирани фигуративни дезени како и избор на бојата.
Независно од тоа кој стил го негувате во својот дом, со правилен избор на мотиви насликани на ѕид, се повеќе ќе ја нагласите индивидуалноста на целиот простор и со тоа ќе го направите оригинален и различен. Сепак, слободните површини во станот можат да бидат и подлога на која само ќе го изразиме своето мото, став, мисла или омилена теза.
Графити
Во примената на модерните начини на уредување можеме да видиме како социјалните промени се огледуваат во уметноста, а уметноста во модерниот декор. Токму како што настанало тангото на улиците, во предградијата или рокенролот како форма на простест, овие форми на изразување се прифатени како нови уметнички форми Се „вовлекуваат“ во домовите, стануваат почитуван начин на живот, кој го опфаќа секој сегмент од животот, па дури и оној кој се занимава со уредување на животниот простор.
На сличен начин можеме да зборуваме за декорациите кои првенствено се појавиле на екстериерните делови на објектите, односно на улиците. Усвојувајќи ги овие урбани елементи, карактер и вредности на младите луѓе, уметноста во една поинаква форма влегува во областа на уредување на просторот – преку графити и мурали отсликани на ѕидовите.
Графитите се форма на неформално изразување и комуникација помеѓу луѓето. Авторите често сакаат да го изразат својот протест, своето мислење, да воспостават контакт со својата околина. Денеска графитите се промовираат како уметност, а како декорација секако имаат голем ефект.
Силните бои, форми кои се дистанцирани од популарните правци, претставуваат многу оригинален начин за украсување на ѕидови. Некои поголеми парчиња мебел, теписи и други декоративни предмети исто така не се поштедени од овој тренд на декорирање.
Како што рековме, графитите се израз со кој поедници сакаат да искажат став и начин на кој ја перцепираат реалноста. Меѓутоа, тие ставови не мора да бидат револт и бунт. Доколку сакате да ги пренесете своите позитивни мисли и чувства на ѕидот во домот или канцеларијата, сликари или цртачи на графити можат тоа да го направат за вас подобро од било кој друг.
Музиката како еден од елементите на урбаната култура, исто така промовира идеологија на културна револуција, па затоа е еден од најчестите мотиви кога станува збор за ваква декорација.
Внимателно со боите
Не е задолжително да се обои и наслика цел ѕид, доволно е само дел од ѕидот да се освежи со некој декој детаљ и просторот да биде потполно различен, а воедно да ја рефлектира и вашата индивидуалност, со оглед на тоа дека вие ќе ја изберете бојата и формата. Со различни ѕидни илустрации и разиграни мотиви можете да одвоите или да истакнете некој дел од просторот, така што на тој начин фокусната точка можете да ја насочите каде сакате.
Секако со боите треба да бидете храбри и слободни, но секако и внимателни, бидејќи вашите најдобри намери лесно можат да станат ваша најголема ноќна мора, затоа секако посоветувајте се пред да одберете, а кога избраниот мотив ќе ви досади, можете да го пребоите со обична боја за ѕидови.