MICRO WINGBACK – Новиот дизајн на Том Диксон
Дали се сеќавате на Wingback фотелјата која е дело на овој познат дизајнер?
Ако вашиот одговор е потврден и ако навистина знаете да ја цените нејзината специфична естетика, ќе се воодушевите од веста дека таа сега е достапна во нова верзија.
Wingback фотелјата сега доби нов, беспрекорен тапацир, кој идеално ќе се вклопи со нејзините контури и линии, кои ја прават елегантна, префинета и импозантна во секое можно опкружување. Новиот тапацир може во потполност да се прилагоди на вашите желби и стилот кој го негувате, а можете и да го персонализирате изгледот на ногарки на оваа популарна фотелја.
Инаку, таа е прв пат претставена како една од неколкуте архетипски британски фотелји, креирани за познатиот Shoreditch House Members Club во Лондон.
Нејзините претерани пропорции на крилјата и екстравагантните димензии, ви даваат можност да седнете удобно. Благодарение на облините, Wingback фотелјата е чест избор на дизајнерите кои сакаат да создадат простор кој е необичен.
Денеска, Wingback семејството е дополнето со столчиња, трепезариски столчиња, отомани и софи, а секое креирано парче има единствена и маркантна естетика.