01
Aug

Карим Рашид повторно воодушевува: Ентериер со интересна тема на уредување

[stm_post_info]

Карим Рашид, еден од најуспешните современи дизајнери, осмисли ентериер за еден берлински хотел, а темата на неговиот дизајн е музиката.

За проектот за градбата на хотелот бил задолжен архитектот Sergei Tschoban, a Рашид се погрижил за уникатното уредување.

Главната тема е претставена на самиот влез, каде лобито и екстериерот се проектирани така што ќе можат да го пречекаат секој музичар или бенд, а во хотелот исто така може да се одржуваат и концерти. Секако сето тоа, без да се наруши комфорот на гостите.

Исто така, во хотелот е осмислен простор за изложби на уметници и дизајнери. Овој хотел е единствен поради комбинацијата на музика, дизајн и креативност.

Локацијата на хотелот е исто така стратешки поставена – во близина на ценатарот на градот, со мноштво клубови и концертни места. Совршено се дополнува со остатокот од содржината кој го носи тој дел на градот, а специфичниот дизајн на Карим Рашид носи спој на сите музички жанрови во визуелната комуникација.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]