27
Feb

Како да купите недвижнини во Elena Luka Home?

[stm_post_info]

Чекор 1

Регистрација на Вашиот интерес

За почеток доволно е да стапите во контакт со нас преку контакт формуларот на нашиот веб сајт или да испратите mail на contact@elenalukahome.com.

Може да се јавите и на нашите брокери на телефонските броеви 071/415-094 и 070/292-795, или во нашата дирекција на 02/3103-816 или да нѐ посетите во нашите простории во Скопје на адреса ул. Љубљанска бр.14.

Исто така, може да го оставите Вашиот контакт на еден од нашите профили на социјални мрежи Facebook: Elena Luka Home и Instagram: ElenaLukaHome

Било кој начин да го одберете, ние ќе Ве контактираме во најкус можен рок!

 

Чекор 2

Закажување на презентација

cekori-kupuvanje-stan-02

За време на информативниот телефонски разговор, може да закажете презентација во нашите простории на ул. Љубљанска бр. 14 со еден од нашите брокери, од понеделник до петок од 09 до 16 часот и во сабота до 15 часот. Тие ќе Ве информираат за сите детали кои Ве интересираат – рокови за изградба, слободни станови, материјали кои се користат,  достапни паркинг позиции, начин на плаќање. Со еден збор ќе дознаете зошто Elena Luka Home ќе го овозможи Вашиот дом од соништата.

 

Чекор 3

Резервација и купување на стан

Доколку сте го нашле Вашето парче рај во една од зградите на Elena Luka Home, потребно е да направите резервација. Тоа се прави на еден од следниве начини:

  • Доколку сѐ уште не е почната градбата, Elena Luka Home склучува спогодба за пројавување на интерес за купопродажба на стан со Вас. Оваа спогодба не е предмет на нотарска заверка.
  • Кога ќе се почне со изградба и се добие лист за предбележување, склучувате Преддоговор за купопродажба на стан кој е нотарски заверен. Овој податок се запишува и во листот за предбележување.

 

Чекор 4

Измени во текот на градбата

Овој чекор не е неопходен, но доколку имате идеја и желба за тоа како би сакале да изгледа Вашиот иден дом, може да поднесете барање во нашата Дирекција. Потоа, се договара состанок со еден од нашите архитекти кои го разгледуваат барањето и одлучуваат дали има можност за измени.

Под измени се подразбира менување од основни елементи од ентериерот (плочки, ламинат, светилки) до преѕидување на просторот (доколку постои можност за тоа).

Исто така, Elena Luka Home Ви нуди и можност за изработување на проект и уредување на Вашиот ентериер.

 

Чекор 5

Известување за напредокот во работењето

Со потпишување на Преддоговорот за купопродажба, Вие сте дел од големото Elena Luka Home семејство. Со тоа добивате информации за сите фази во изградбата по пат на електронски билтен, кој ќе го испратиме на Вашата email адреса.

 

Чекор 6

Примопредавање на стан

Откако зградата ќе го заврши техничкиот прием, Вие го добивате клучот од Вашиот стан. При примопредавање на станот, правиме записник, односно вршиме инспекција на станот. Доколку се утврдат извесни минимални недостатоци, веднаш ги коригираме. Вашиот стан има 2 години гаранција, а нашиот тим е достапен во секое време за сите интервенции.

 

Чекор 7

Имотен лист

Веднаш штом излезе имотниот лист, ќе Ве повикаме да го потпишете Договорот за купопродажба на стан. Со тоа и Вие добивате имотен лист, а на Вас останува да се посветите на уредување на Вашиот дом. За тоа подготвивме стручни совети за ентериерно уредување кои ќе Ви дадат насока за да го постигнете изгледот кој го посакувате.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]