Да уредите складишен простор е предизвик
Подрумските простории најчесто долго по вселувањето во стан остануваат недефинирани и неуредени. Во главно ги претвораме во магацини каде чуваме вреќи со компири, стар мебел, зимски гуми, разни кутии и други работи кои не сакаме да ги имаме во станот, односно работи кои лесно би можеле да ги наречеме отпад.
Со добра изолација и вентилација, со добро осветлување какви што се подрумските простории во Elena Luka Home вашиот подрум може да биде Ваша омилена соба плус и навистина да Ви го олесни живеењето.
YES – Your Extra Space
Ваш екстра простор, а простор никогаш доволно (:
Одвоеноста од останатиот станбен простор го прави подрумот идеален за практикување на различни хобија и колекционерски збирки.
Има семејства кои се склони кон собирање спомени, има семејства кои спортуваат, семејства во кои царува кујната и зимниците на баба, луѓе кои се миленици на доброто вино, љубители на автомобили итн…
Овој дополнителен простор е идеален за се
Со висина од 3 до 3,5 метри над светските стандарди каде подрумите се високи 2,3 метри со одлична изолација и вентилација, осветлување и струја, опремени со огноотпорни врати, обработени со завршен малтер по што ѕидовите стануваат топли и суви, Вие многу лесно ќе добиете просторија плус која што е подеднакво убава и опремена како и останатите соби од Вашиот стан и која може многу лесно да биде Ваше лично катче.
Тоа е драгоцен простор кој треба да се искористи на повеќе квалитетни начини, со мала адаптација и уредување и ќе придонесе за квалитетот на домувањето и ќе им биде од корист на сите станари.