Уредете го Вашиот дом според хороскопскиот знак
Велат дека астрологијата има голема улога во поглед на уредувањето на домот. Дали сакате дом полн со сувенири и слики по ѕидовите, кој наликува на музеј, или пак, минималистички уреден простор, во голема мера зависи од поставеноста на ѕвездите кои ги одредуваат Вашите преференции.
Овенот сака функционалност
Во Вашиот животен простор сè мора да биде средено и пристапно. Немате трпение да се заморувате со многу детали. Поради Вашето постојано високо ниво на енергија се препорачува во уредувањето на домот да користите посветли бои.
Бикот преферира удобност
За Вас креветот е најважниот дел од мебелот во Вашиот дом. Неговиот квалитет е на прво место, па затоа најчесто избирате природни материјали кои создаваат релаксирачка атмосфера. За Биковите идеални се земјените бои. Доколку не го користите стариот мебел, не го „затворајте“ просторот, туку подарете го некому.
На Близнаците најважна им е комуникацијата
Комуникацијата е на прво место за овој хороскопски знак, па затоа им е неопходен модерен и мултифункционален мебел. Близнаците ги интересира квалитет, но и естетскиот изглед на нештата кои го исполнуваат домот.
Ракот е посветен на семејството
Овој хороскопски знак мора да го исполни ѕидот во дневната соба или во ходникот со врамени семејни фотографии и некои значајни спомени од минатото. Бидејќи се чувствителни луѓе, таквите нешта им значат многу повеќе отколку најновите трендовски парчиња мебел за кои зборуваат сите.
Лавот ужива во луксуз
Како вистински претставник на својот хороскопски знак, Лавовите секогаш си го дозволуваат најдоброто односно секогаш ќе ги имаат најатрактивните парчиња мебел. За Лавот се идеални топлите бои.
Девицата претпочита ред
Девиците се најпознати по своите чувства за ред и дисциплина, што најдобро може да се забележи на нивните полици во домот. Се обидуваат да го искористат секој сантиметар, но никогаш не би чувале нешто што не им користи. Со добра организација и чувство за естетика, тие се вистински пример за тоа како со малку може да се направи многу.
Вагите се вистински фанови на декорот
Естетиката Ви е особено важна, па сакате животниот простор да го исполните со нешта кои го изразуваат Вашиот стил. Избегнувајте распродажби и половни нешта. Вашиот дом наликува на уметничка галерија во која се изложени оригинали. Користете светли бои и стаклени површини.
Скорпијата сака приватност
Вашиот дом е рај за Вас, па затоа е најдобро при неговото уредување да употребите смирени бои. Приватноста Ви е многу важна, па личните спомени ги чувате во фиока. Многу се врзувате за нештата, но повремено треба да правите селекција и да се ослободите од непотребните предмети во Вашиот дом.
Стрелецот е практичен и прилагодлив
Благодарејќи на Вашата практичност, Вашиот дом е лесно пренослив, па преселбите за Вас се лесна задача. Понекогаш знаете да го наполните домот со предмети кои сведочат за возбудливи моменти во Вашиот живот. Обидете се да го уредите домот така што ќе Ви биде полесно за одржување.
Јарецот ја почитува традицијата
За Вас традицијата е најважното нешто во животот. Својот дом треба да го уредите со одбрани предмети, кои го рефлектираат Вашето минато, вклучувајќи ја семејната историја. Практичноста е Ваша одлика, па затоа пред да фрлите или подарите некое парче мебел размислувате кавква друга намена би можело да има тоа.
Водолиите имаат уникатен стил
Познати сте по својата еклектична линија и не посветувате многу внимание на правилата и насоките во дизајнот, туку својот животен простор го уредувате според својот вкус. Вас многу Ви е дозволено, па се случува да комбинирате најразлични форми и дезени, точки со линии, како и сè друго што содзава Ваш уникатен стил.
Рибите преферираат едноставност
За Рибата како воден знак најважна е бањата. Затоа токму таа треба да биде колку е можно поудобна. Секогаш се одлучуваат за станбен простор кој овозможува голема удобност, но сепак се ориентирани кон едноставност поради лесно одржување на просторот.