Бојадисајте ги ѕидовите според Вашиот карактер
Доколку сакате да ги бојадисате ѕидовите, а не знаете за која боја да се одлучите, прочитајте неколку совети од древниот кинески систем Фенг шуи. Оваа кинеска вештина, стара повеќе од 3.500 години, се поврзува со уредување на животниот и работниот простор. Истата нуди теорија која влијае врз квалитетот на нашиот живот. Бојата е еден од најважните елементи во домот, која треба да биде усогласена со нашиот карактер.
Фенг шуи се темели на 5 елементи: дрво, оган, земја, метал и вода. Секој од овие елементи има своја боја, која различно влијае врз различни луѓе.
ПОВРЗАНОСТ НА ЕЛЕМЕНТИТЕ СО БОИТЕ
– Дрво: зелена и сина боја
– Оган: црвена и портокалова боја
– Земја: жолта боја
– Метал: бела, беж и сребрена боја
– Вода: темно сина и црна боја
ВЛИЈАНИЕ НА БОИТЕ
– Зелена боја: смирува, поттикнува креативност, раст и регенерација, претставува надеж.
– Сина боја: смирува и поттикнува размислување и учење.
– Црвена боја: буди апетит, го стимулира метаболизмот, дава енергија, но може да предизвика и вознемиреност.
– Жолта боја: поттикнува комуникација и односи со околината, добро влијае врз „затворен“ тип на луѓе бидејќи ги релаксира.
– Бела боја: симбол за чистота и едноставност.
– Кафеава боја: симболизира стабилност, топлина и спокојство.
– Црна боја: употребувајте ја внимателно и во помала мера. Поттикнува размислување, но и значително затвора.