Ослободете се од негативната енергија во домот
Негативната енергија придонесува за лошо расположение, кавги со Вашите блиски луѓе и колегите, нервоза, тага, песимистичка перцепција на нештата, па дури и депресија. Велат дека некои предмети едноставно ја привлекуваат негативната енергија, па затоа би требало да се ослободите од нив.
Во продолжение 5 нешта кои треба да ги отстраните од Вашиот дом:
Часовник кој не функционира
Според Фенг шуи, чувањето расипани или скршени предмети во домот, а особено часовници кои не работат се лош знак. Предметите кои го мерат времето треба секогаш да бидат во функција за да не доаѓа до застој на енергијата, како на часовникот така и во Вашиот живот.
Календар од минатата година
Календарот од минатата година, освен што не е употреблив, пречи и на протокот на позитивна енергија. Календарот (како и часовникот) спаѓа во „мерачи на време“, па според Фенг шуи стручњаците секогаш треба да биде тековен.
Кактуси
Стручњаците за духовно уредување на домот велат дека билките со боцки предизвикуваат лошо расположение, напнатост во куќата, па дури и негативно влијаат на љубовниот живот. Како исклучок ги сметаат ружите, особено црвените, бидејќи нивниот елегантен цвет носи позитивна енергија.
Препарирани животни
Ако мртвите билки носат несреќа во куќата, логично е дека тоа важи и за мртвите животни. Ако имате на ѕидот обесена глава од елен, кожа од мечка на подот или некое друго животно, веднаш исфрлете ја. Освен што не изгледа убаво за очи, внесува и лошо расположение во домот.
Суви билки
Сувите билки носат „мртва енергија“ и негативно делуваат на општото расположение. Затоа веднаш исфрлете ги од вашата дневна соба или ходник.
НИЕ ИМАМЕ ПРОВЕРЕНА ФОРМУЛА ЗА БЕСКОНЕЧНА ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА!