Функционална и еколошка домино спална соба
Компанијата Модо 10 креирала Домино спална соба, со употреба на топол Каналето орев…
Овој проект претставува оригинален, патентиран дизајн и се состои од батерфлај кревет, ноќна наткасна и Домино гардеробер, кој е акцентиран со огледала на вратите, во придружба на дополнителни Домино огледала.
Големо внимание е посветено во изборот на високо квалитетни материјали со природни есенции, за да се осигура комлетен комфор и здрав одмор. Удобните кревети се она што е најпотребно за да го регенерираме своето тело, додека преубавите и фунционални наткасни и гардеробер креираат една совршена целина.
Што се однесува на ормарчињата, тие се креирани како системи кои го организираат просторот и плус како простор за складирање облека, а детално е простудиран и нивниниот изглед и функционалност, кои можат да се прилагодат на личните потреби на секоја личност.
Формалната чистина и производните квалитети се обележја на оваа колекција, што воедно претставува епитет и традиција на Made in Italy производите, во склад со вкусот на компанијата и версатилноста на животниот простор на денешницата.
Сите парчиња од оваа колекција се изработени рачно, а настанале од висококвалитетни сирови материјали, со завршни детали од водени и маслени бои.