Кадифето е новиот суперхит во декорирањето
Ако постои една текстура која ќе додаде исклучителност и елеганција во просторот, тогаш тоа е кадифето со своите квалитети и сјајниот добар изглед.
Во изминатите неколку години се повеќе добива на популарност, а оваа година е еден од најголемите трендови.
Имено, кадифето со својата нежна текстура е материјал кој не дава само луксузен изглед туку и отмено чувство. Без сомнеж неговата мека текстура има способност да ги задоволи сите Ваши сетила.
Иако мекото кадифе бил материјал кој го користеле благородниците и членовите на кралските семејства во дамнината, кога за првпат било претставен од страна на трговец од Багдад, кадифето и денес е еден од најсестраните материјали кои можете да ги внесете во домот. Меки на допир, зрачат со удобност и стил, исклучително издржливи се карактеристиките кои кадифето го прават одличен за тапацирање на мебел и декоративни аксесоари.
Традиционално, кадифето е направено од свила подоцна од памук, иако денес постојат и синтетички веризии кои го прават подостапен. Доколку го сакате кадифето, не морате секогаш да бирате потемни бои, тој одлично изгледа и во пастелни тонови.
Одберете кадифе за аксесоари за брзо додавање на луксуз во Вашиот ентериер. Одлучете се за кадифени перничиња или абажури за лампи. Прекривките од кадифе делуваат богато и луксузно, а доколку е во боја на вино делува магично.
Голем тренд во последните години се тапетиве. Денес има многу голем избор на ѕидни тапети кои имаат кадифена структура, да не говориме дека постојат и оние со 3Д принтани мотиви кои го подигнуваат нивото на драматичност во просторијата која сте ја одбрале да ја обложите.
Завесите и драперите се истотака украс на секојдневниот простор, но кадифените драпери во секој дом ќе Внесат доза на луксуз.