Блог

Со низа стилови, печатените тапети и понатака остануваваат главен тренд на дизајнерската агенда во 2019-та година.

01 (1)

За 2019-та година, како главен тренд можете да очекувате инспиративни позадини кои се тука за да го разубават Вашиот живот и да му дадат одличен дизајн на било кој простор, од комерцијален до станбен. Уникатните цветни принтови и зеленила истотака се враќаат во мода, бидејќи на пазарот можеме да забележиме многу ботанички инспирации.

01 (2)

Акцентот е на тапетите со текстури кои помагаат за создавање на интересно и релаксирачко окружување во Вашиот дом.

01 (4)

Истотака гледаме се почесто традиционални дизајни на тапети кои се инсипирани од минатото. Во светот на тапетите во овој момент се одвиваат различни работи кои сигурно ќе Ве инспирираат. Не плашете се од светлите бои, геометриските шари и необичните дезени. Можете да изберете и тапети во ретро стил, со мотиви од природата, со покрупни и поситни цветови па дури и пеперутки.

01 (5)

Еве ги нашите најнови идеи за Вашите ѕидови било да се работи за спална соба, дневна соба, бања, кујна, па дури и плафон.

01 (6)

Плафонот залепен со тапети е еден од главните трендови во 2019-тата година.

01 (7)

1542374358_naslovna