03
Dec

Декорирајте го домот со помош на компас

[stm_post_info]

Ви откриваме фенг шуи совети како да го уредите својот дом или една просторија на основа на положбата и на тој начин да внесете енергија во сферата на животот во која Ви е потребно повеќе среќа и успех.

Dekorišite dom pomoću kompasa 665 l

Најпрво е потребо со помош на компас да ги одредите страните на светот во вашиот дом. Потоа, водејќи сметка за ориентацијата, со помош на Ло Шу квадратот поделете го просторот на домот или просторијата на девет полиња кои се обележени со одреден број. Броевите во Ло Шу квадратот се распоредени така што во секој ред, колона и дијагонала збирот на броевите изнесува 15.

Погледнете на кои сегменти од животот се однесуваат овие полиња и на кој начин можете да ги засилите.

bagua

Север

Северниот дел на просторијата или куќата му припаѓа на полето 1 и влијае на деловниот успех и кариерата. Енергијата на ова поле се активира со водени елементи, на тој начин што во тој ел на просторијата можете да поставите аквариум или фонтана од која водата ќе тече кон внатрешноста на просторијата, а никако не кон вратата. На северниот ѕид можете да поставите фотографија од река или море, но избегнувајте приказ на бура или немирна вода. Ако на сликата е прикажан брод, би требало да плови кон собата а не надвор од неа. Бидејќи бродот претставува богатство и поволни прилики, кои секако дека сакате да бидат насочени кон Вас.

Исток

Dekorišite dom pomoću kompasa Drvo

Полето 3 е сместона на исток и се врува со здравјето. Елемент кој одговара на ова поле е дрвото, па за уредување на овој дел од домот можете да користите дрвени рамки за слики, дрвебни полици и книги, лампи направени од дрво итн…Ѕидот обоете го во зелена или кафеава боја, а просторот обогатете го со собни билки.

Југоисток

Полето 4 се наоѓа на југоисток на кое истотака му одговара елементот дрво. Ова поле се однесува на просперитет, па тука е најдобро да ставите Јапонско дрво на пари (Crassula ovata)  – зелена билка со кружни листови кои симболизираат пари.

Југозапад

Dekorišite dom pomoću kompasa Zemlja

Во југозападниот дел се наоѓа полето 2, а енергијата од тој дел на домот одговара на љубовните врски, среќата и бракот. Како декорација можете да употребите кристали и други минерали, различни керамички  предмети како фигури, чинии, свеќници. Енергијата ќе ја зголемат и бои кои поседуваат земјени тонови, како кафена, портокалова, крем и окер.

Северозапад

Полето 6 се наоѓа на северозапад и се однесува на патувањата или пријателствата. Метал кој одговара е метал така што во овој сектор се со метален или овален облик носи среќа: метални рамки за слики, фигури. Просторијата опремте ја со мебел од метал и користете сина, сива златна и бронзена боја.

Запад

Dekorišite dom pomoću kompasa Metal

Полето 7 го опфаќа западниот дел од просторијата или домот и тоа влијае на креативноста, радоста, среќа на децата во куќата. Елементот кој ја активира енергијата во ова поле е истотака метал.

Североисток

Секторот 8 ги завзема североистечните делови од станот, носи среќа во учењето и влијае на образованието па затоа овој сектор е најдобро да се активира во соба на ученик. И на ова поле му одговара земјени елемент, а се активира со кристали, предмети од керамика или земјени бои.

Југ

Dekorišite dom pomoću kompasa Vatra

Јужниот дел од просторијата влијае на угледот и репутацијата на целото семејство а се однесува на полето 9. Активирачки елемент тукае оганот, па ова поле се активира со предмети и бои кои асоцираат на оган. Можете да употребите свеќи за декорација во тој дел од просторијата или дома, бојадисајте го ѕидот во нијанса на црвена или портокалова боја или поставете камин или печка на јужниот дел од домот.

[stm_post_tags]
[stm_share code=”JTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZmFjZWJvb2tfbGFyZ2UlMjclMjBkaXNwbGF5VGV4dCUzRCUyNyUyNyUzRSUzQyUyRnNwYW4lM0UlMEElM0NzcGFuJTIwY2xhc3MlM0QlMjdzdF90d2l0dGVyX2xhcmdlJTI3JTIwZGlzcGxheVRleHQlM0QlMjclMjclM0UlM0MlMkZzcGFuJTNFJTBBJTNDc3BhbiUyMGNsYXNzJTNEJTI3c3RfZ29vZ2xlcGx1c19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRSUwQSUzQ3NwYW4lMjBjbGFzcyUzRCUyN3N0X3NoYXJldGhpc19sYXJnZSUyNyUyMGRpc3BsYXlUZXh0JTNEJTI3JTI3JTNFJTNDJTJGc3BhbiUzRQ==”]
[stm_sidebar sidebar=”790″ code=”790″]