Работи кои морате да ги имате во домот за време на зимата
Овие пет детали се must have за секоја зима!
Пет најубави детали ќе Ви обезбедат удобност и ќе ви го стоплат домот и срцето во текот на зимата! Секој агол во текот на зимата може да се исполни со елементи кои ќе создадат приајтен и топол простор.
За да создадете амбиент кој ја рефлектира зимата, а студеноста оставете ја надвор, внесете текстура, топли нијанси боја со ситни детали и украси. Камин, собна билка, цвеќе и зимзелени борови гранки или гранчња од елка ќе го дополнат овој амбиент.
Потемните бои поголемите простории ги прават потопли, а истиот ефект го имаат и зидните тапети со поголеми шари. Ќе се создаде окружување во кое доминираат топли бои како што се црвената, бордото, портокаловата, жолтата, златната, теракота итн. Овие бои можат да внесат и преку детали како што се постелнина, прекривка, наткасни, украсни перничиња, вази или држачи за свеќа. Замена на завесите, навлаките за мебел или за столчиња се мали измени кои прават голема разлика.
Богатите и тешки ткаенини го прават зимското украсување потопло. Плетените ткаенини изгледаат удобно и пријатно. Украсните перничиња со апликации или везе шари се декоративен и интересен детал. За текстурата, додадете ткаенина и декор кој вклучува волна, овча кожа, еко крзно па дури и сомот. Изберете топли материјали како што се кашмир за украсните перничиња и не само во спалната соба, туку и во дневниот престој.
Светлите, летни завеси треба да се заменат со потемни и подебели. За да изгледаат елегантно можете и да ги наберете со густи, богати набори.
Кога деновите се пократки важно е да има доволно светло во домот и затоа дизајнот на расветата е важен елемент во топлото зимско украсување. Големиот лустер и кристалниот лустер создаваат светол и топол амбиент.
Ѕидните и столните ламби со нијанси во топли бои ќе го зголемат ефектот, исполнувајќи ја собата со удобност. Рачно направените ламби додаваат на оригиналноста на дизајнот. Свеќите ќе созададат романтична атмосфера.
Подебелите теписи со текстура додаваат истотака на топлина. Избегнувајте редење на повеќе шарени теписи еден до друг. Неколку помали, едноболни подни простирки визуелно ќе креираат една шарена целина, а и ќе покријат поголем дел од просторот без да го поместувате масивниот мебел.Вазите со измешан зимски мирис, како што се циметот, боровите иглички или зимзелените гранчиња можат да внесат малку зимски шарм во домот. Овој аранжман може да биде убав детал на каминот или пак на некоја наткасна.