Блог

Денес Ви гo презентираме станбениот простор на една фамилија од Бруклин, чии членови се страсни вљубеници во пишаниот збор односно книгите. Нивниот нов амбиент го потпишува креативниот тим на архитектонското студио Buro Koray Duman.

Buro-Koray-Duman-ELH-Blog-001

„Станот е со големина од 111 метри квадратни, а главен предизвик при концепирањето на новиот ентериер беа 2.500-те книги за кои требаше да се креираат полици т.е. поприлично голема домашна библиотека.“ – вели главниот архитект на Buro Koray Duman.

Со помош на дизајнерското студио Henrybuilt успеале да креираат интересни полици чија основа е изротирана за 45 степени. Полиците се изработени од бел медијапан, а се протегаат во секоја соба од станот.

Buro-Koray-Duman-ELH-Blog-002
Buro-Koray-Duman-ELH-Blog-003
Buro-Koray-Duman-ELH-Blog-004
Buro-Koray-Duman-ELH-Blog-005
Buro-Koray-Duman-ELH-Blog-006

По однос на мебелот, архитектите се одлучиле за ненаметливи парчиња со едноставен дизајн и светли бои кои нема да го оптеретуваат просторот. Ѕидот со бели тули и големите дрвени носечки греди обозбедуваат дополнителен шарм на целиот простор, како и впечатливиот трпезариски лустер.