Прекрасна модерна куќа со големи стаклени површини кои овозможуваат фантастичен поглед кон околната природа
Сместена на парцела со поглед на планинскиот венец Синтра во западниот дел на Португалија, “Casa belas clube de campo” изградена од “ Bica “ архитектите се карактеризира со долг бел дел кој лебди над приземјето. Резиденцијата се состои од две нивоа и подрум, целосно покриена со варовник кој е искористен и за изградбата на ѕидовите за да се создаде масовна основа (база). На оваа цврста основа, приземјето е речиси целосно стаклено, создавајќи визуелен и функционален континуитет на заеднички области со надворешни отворени простори, како што се тераса, базен и дневна соба со оган на отворено.
“Bica” архитектите ја изградија куќата со главната фасада свртена на југ, паралелно со патот, фасадата со главниот влез свртенаа на запад и кон морето, а фасадата која е свртена на север е позатворена, заштитена со тревник и градина.Транспарентноста на приземјето е контрастна на белиот простор на горниот кат, кој формира голема тераса внатре и ги затвара приватните простории како спалните, како би ги заштитиле од околностите.