10 интересни минималистичко уредени спални соби
Вашата спална соба треба да се чувствува како лично засолниште, па затоа не е и зачудувачки што многумина од нас сакаат спалните соби да ни бидат едноставни и без многу натрупувања. И додека собите со минималистички стил понекогаш можат да се студени и празни, ние ви покажуваме 10 соби кои се уште изгледаат пријатно и не повикуваат.
Едноставната бела маса поставена на крајот од креветот создава шик работен простор.
Бојата и минимализмот нормално не одат рака под рака, но оваа едноставна спална соба покажува дека е дефинитивно возможно да се создаде соба која е рационализирано но сепак неверојатна.
Комодата не е единствената опција за ноќна маса, како што се гледа во оваа соба. Малиот прозорец над креветот обезбедува доволно светлина за целата соба.
Неутрална палетата на бои направете ја интересна со вметнување на една пригушена нијанса.
Спуштете пар црни светилки со црн кабел од таванот, да го заживеете белиот простор во спалната соба без да се одвлече вниманието од шемата на бои.
Едноставната наведната скала во просторијата нуди доволно простор за складирање.
Овој простор покажува како празната минималистички уредена спална соба сеуште се чуствува пријатно поради уникатниот текстил со различни нијанси на сива боја.
Едноставно уредената спална соба целосно во бела боја овозможува шик мебелот и уметничките дела да завземат централно место.
Елегантниот пар на полици поставени на ѕидовите место комоди, ослободуваат простор во оваа минималистички уредена соба.
Темни, задебелени принтови можат добро да изгледаат во минималистички уредена соба. Убави и чисти графички стилови во неутрални тонови, како овие црно-бели перници, можат да ја заживеат монотоната спална соба.
Се надеваме дека овие минималистички уредени соби го привлекоа вашето внимание.