Блог

Тешко е да се дефинираат карактеристиките кои ја прават една куќата да се осеќа како дом, или карактеристиките кои би требала една куќа од соништата да ги поседува за да биде се што некогаш посакувал нејзиниот сопственикот. Не постојат две куќи од соништата кои личат една на друга, што ги прави овие куќи уникатни и привлечни за оние кои ги користат.

Два базени кои се огледуваат еден во друг, едниот доле, а другиот над тебе.

Concrete-The-Wall-House-by-Guedes-Cruz-Arquitectos-floor-and-cantilevered-pool

Concrete-The-Wall-House-by-Guedes-Cruz-Arquitectos-deck-pool

Concrete-The-Wall-House-by-Guedes-Cruz-Arquitectos-With-two-beautiful

“The Wall House”, не само што има два базени, детал кој е одличен за куќа од соништа, туку едниот базен е на приземјето на терасата, а другиот е поставен директно над него. Има вода и под и над тебе како да влегуваш во сосема нов свет. Искуството е уникатно и извонредно.

Concrete-The-Wall-House-by-Guedes-Cruz-Arquitectos-Swimming-Pools

Оваа прекрасна куќа од соништата била дизајнирана од страна на архитектите “Guedes Cruz”. Проектот го завршиле во 2013 година. Бетон, стакло и дрво се главните материјали кои ги користеле. Куќата е лоцирана во Кашкаиш, Португалија и големите прозори од куќата имаат поглед накај морето, носејќи ја надворешноста внатре и овозможувајќи тивкиот ветар и спокојните погледи да станат дел од внатрешниот декор.