Мешавина од класичен и модерен стил во луксузен стан во Москва
Елегантен и луксузен апартман во центарот на Москва, е домот на Лејла Улуханли – дизајнер на ентериер, и нејзината фамилија. Исполнет со ретро и шик елементи, овој стан е полн со неверојатни елементи.
“Кога сите соби имаат природна светлина, прекрасен поглед низ прозорите и високи плафони, се останато зависи од вкусот и естетиката”, вели дизајнерот и сопственик на станот, Лејла Улуханли.
“ И покрај тоа што станот беше премногу голем, му недостасуваше функционален простор и извори на природна светлина, па моравме да го зголемиме бројот на собите но сепак почитувајќи ги историските елементи на зградата”. Почитувајќи ја историската зграда, оригиналните елементи останале недопрени, зачувувајќи ја природната фасада каде што било возможно, или заменувајќи ја со верни копии каде што било невозможно да се задржи.
Тесните балкони биле заменети со големи Француски прозори, кои заедно со стратегиски поставените огледала, го направиле внатрешниот модерен дизајн посјаен.
Цврстата врска со минатото се рефлектира во јасните линии, пропорции и детали. Класичниот декор, светло обоените ѕидови и паркетот се позадината на постмодерниот минималистички мебел, со уникатни објекти од персоналната колекција на Лејла.
Удобноста и елегантноста се главните поими за овој ентериер, со модерен мебел и квалитетни материјали. Вниманието на деталите и евидентно и носи многу лична атмосфера во овој модерен дом. Ентериерот поврзува три стилски периоди. Од една страна “Арт-Деко” стилот, класичен стил и таканаречениот “Американски Ретро Шик” стил од 60-тите.