Луксузна вила на Италијанскиот брег Амалфи
На заливот на Неапол се наоѓа една прекрасно уредена куќа “Villa Le Scale”, во која се спојуваат класичниот медитерански сино-бел стил со чистиот современ дизајн и прецизни линии. Расцветаните градини во оваа вила се совршено место за да се релаксирате и да го поминете вашиот одмор гледајки во нив.
Овој луксузен објект на брегот на Амалфи, е дизајниран од страна на еден од најдобрите дизајнери за ентериер, Хорхе Канете.
“Villa Le Scale”, датира од почетокот на 19ти век и неговиот прекрасен бел екстериер ја одразува неговата оригинална инкарнација како летен дом за некое благородно семејство. Неодамна беше обновено и повторно декорирано од страна на дизајнерот Хорхе Канете. Сега ентериерот содржи иконски модерни парчиња и внимателно одбрани антиквитети.
Уметничките дела се фокусни точки во формалната бела трпезарија, додека сребрените столчиња додаваат еден гламурозен елемент.