Модерна градба на музејот на уметност, архитеткура и технологија во Лисабон – “MAAT”
MAAT е музеј кој допира до луѓето. Се наоѓа на брегот на реката Тагус во Белем округот на Лисабон, место од каде што тргнаа големите истражувачи на Португалија. Нудејќи нова врска на реката и поширокиот свет, оваа моќна и нискостеблеста градба ги поврзува современата уметност, архитектурата и технологијата.
Поврзувајќи ги структурата и пејзажот, објектот е дизајниран да им овозможи на посетителите да шетаат, под и низ зградата, на кровот, кој е нежно изразен лак – една од најстарите форми во западната архитектура.
Покривот се претвара во надворешна просторија, физичко и концептуално поврзување на реката со срцето на Лисабон, каде посетителите може да се свртат од реката и да уживаат во градскиот пејзаж.
Под кровот, се наоѓаат просториите за изложба кои се меѓуповрзани.
Граден според богатата Португалска традиција на керамика, тродимензионалните застаклени плочки го ставаат акцентот на фасадата на која се приказува водата, светло и сенка. Кровот што виси создава пријатна сенка и се користи да ја одбие сонцевата светлина од водата директно во зградата.