Блог

Има нешто многу луксузно во комбинацијата на мермер и дрво. Спојувањето на природни материјали му носат живот на ентериерот во еден модерен стан и може да се искомбинираат на различни начини. Подовите, плочките во бањата и кујната веќе оддамна се уредуваат со прекресни мермерни форми, но како можеме да додадеме други органски материјали да создадеме едно раздвижување на тврдото опкружување? Дрвените ноти се идеални за мебелот и подот, но како да ја освежиме употребата на овој материјал? Овие два стана ни покажуваат како да создадеме нежни неутрални позадини од мермер и дрво кои нема да ја намалат софистицираноста на апартманот.

1

Позади светлечките висечки сијалици, дрвениот ѕид создава една нова димензија во нашиот прв прикажан дом. Телевизорот со рамен екран е поставен делумно над дрвените летви, а неговиот долен дел виси над мермерната плоча со бели, сиви и златни тонови. Бело ЛЕД светло се движи по пресекот од двете површини.

2

Двете тркалезни бели маси за кафе со црни рамки го надополнуваат белиот мермер во позадина и црните ѕидни елементи во кујната.

4

Интересните висечки светла обезбедуваат малку боја во шемата од мермер и дрво.

5

Тенка бела подна ламба стои покрај креветот на дрвениот под од спалната соба. Потполно иста ламба стои на спротивната страна, на темната дрвена комода. Позади дрвената комода, високото затемнето стакло го одсликува стаклениот плакар.

6

Стаклениот плакар е дизајниран така да може да се влезе во него, поради што дрвениот под од спалната продолжува и внатре во него.

7

Содржините во плакарот се гледаат од спалната соба, правејќи го просторот да изгледа како тренди бутик за алишта. На чекор од креветот, направен е дрвен елемент кој во долниот дел има модерен мермерен камин и ја дели собата на два поединечни дела. Каминот е изработен од бел мермер. Комбинацијата од дрво и мермер го прави елементот постојан и целосен. Позади ѕидот има домашна канцеларија. Во средината од дрвениот елемент кој ја дели собата, има ставено книги кои се пристапливи од двете соби.

9

Во бањата, кадата, тоалетот и мијалникот се во беж боја која ги поврзува ѕидовите и подот во една целина.

11

Вториот стан е дом сместен во луксузна област, лоциран покрај Финскиот залив, во непосредна близина на Санкт Петерзбург.

12

Ѕидот каде што е поставен телевизорот е комбинација од мермер и дрво. Златните декорации на мермерот одат совршено со светлите тонови на дрвото. Целосно бел елемент е закачен под телевизорот на ѕидот, со потемна дрвена полица на врвот.

15

Софистицираните мермерни плочки на подот се изложени во оваа минималистички уредена кујна во беж боја. Залепениот дрвен ѕид делумно ги дели трпезаријата и дневната соба, и создава ефективен поглед. Дрвените ногарки од високите столчиња се совпаѓаат со тенките дрвени летви.

19

Две златни ѕидни светилки ја осветлуваат едната страна од ѕидот. Четири мермерни панели ја осветлуваат другата страна.

22

Дрвениот под совршено се совпаѓа со дрвените тонови на плакарот за облека во спалната соба.

27

До влезната врата, конзолата за складирање е осветлена одоздола и се појавува како да лебди над мермерните плочки. Дрвените летви од двете страни на огледалото, му даваат на овој мал простор еден посебен идентитет.