20
Aug
Запознајте ја вилата Ескаргот
Архитектите Такеши Хироб ја дизајнирале Вилата Ескаргот на еден рид во Чиба, Јапонија. Ридот е исполнет со високи дрва кои се протегаат позади самата куќа.
Инаку Ескаргот е оддалечена на само 200 метри од морето, и целиот Токиски залив се гледа од нејзината предна страна.
Вилата е направена на два спрата. Прекрасното окружување, природата, дрвата, совршено и прилегаат на вилата. Она што е плус е невероајтниот поглед кон морето кој таа го пружа.
Сите елементи во куќата се направени од дрво и се искомбинирани со метални елементи. Заоблените ѕидови го надополнуваат преклопениот таван кој е изработен исто така од дрво.
Уживајте.
Фотографиите се направени од страна на Коичи Торимура.