Совршен спој на природа и архитектура – Куќа 28
Просториите за живеење во оваа куќа во близина на Бразилија, се групирани во неповрзани единици застаклени по целата висина, меѓу кои се сместени градини.
Куќата 28 била дизајнирана од страна на локалниот архитект Самуел Ламас, за семејство кое бара дом, кој ќе може да им понуди поврзаност со природата, во област одалечена на само 10 минути од главниот град на Бразил. Сместена на плац од 7000 метри квадратни, 850 метри квадратната куќа е обиколена со растенија и дрва кои формираат дел сличен на Бразилската савана.
Дизајнот на куќата е таков да ги прави луѓето, кои престојуваат во неа, да се чуствуваат поврзани со природата. Ова е постигнато со растенијата, вообичаени за тој предел, насадени помеѓу изградените објекти.
Просториите за живеење и спалните соби се помешани наоколу и сите имаат различна височина на таванот, во зависност од тоа за што е наменета собата.
„Различни гледишта се откриваат шетајќи низ куќата“, вели Ламас. „Собите имаат различна височина кои ја потврдуваат просторната хиерархија“.
Прозорите со дрвени рамки и отворите доминираат, како би се создало визуелно поврзување помеѓу собите и надворешниот простор.
„Големите рамки од прозорите се поставени во правец исток-запад, додека ѕидовите север-југ“, вели Ламас. „Ваквата ориентација ја прави надворешната природна светлина драматична за време на зајдисонце и изгрејсонце распространета низ целата куќа“.
Трите спални соби се сместени на источниот крај на едно одвоено крило од куќата, како би имале собите приватност. Од овие соби се излегува на мали балкони покриени со лазечки растенија.
Внатрешните и надворешните ѕидови се направени со груб полимер малтер како би им дал црвеникава нијанса, каква што е локалната почва. Ѕидовите се надополнети со подни плочки во слична боја, која ѝ дава една убава компактност на куќата.
Ходникот, трпезаријата и кујната се покриени со шарени плочки кои вметнуваат боја и раздвиженост во просториите, во кои не би било практично да се стави тепих или черга.
Во дневната соба се поставени стаклени врати кои се отвараат кон базенот на балконот.
Плочките на подот и дрвениот ѕид продолжуваат и надвор, како би се задржал континуитетот помеѓу внатрешниот и надворешниот дел.