Блог

Оваа современа куќа во кинескиот град Гуангжу се состои од неколку простории за домување, распоредени околу едно езерце во центарот на целиот простор.

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_6

Локалните „O-office” архитекти, ја дизајнирале куќата „Веранда“ во ридското предградие на Гуангжу. Како одговор на локалната клима и архитектонското наследство, куќата „Веранда“ била базирана на традиционалните кинески куќи – со зелени тули и уредена во Фенг Шуи стил.

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_8-1704x944

Главниот двор во центарот на објектот е поплочен со тули и е составен од неколку нивоа со ризлична височина, кои се спуштаат, како би ги поврзале главните простории за домување на приземјето со подрумот, составен од простор за складирање, мултимедиа и за најразлични активности.
Бетонски патеки се протегаат по должина на езерцето како би создале пат низ објектот. Патеките водат кон павилјонот поставен покрај дрво кое создава чувство на поврзаност со околната шума.

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_0

Површините што се наоѓаат во дворот се составени од преработени метални рамки кои содржат отвори, претставувајќи ги пивотирачките врати, карактеристични за автентичните куќи од тој регион.
Отворите содржат површини направени од два различни материјали кои создаваат ниво на приватност соодветно на намената на собите внатре.
Кујната, трпезаријата и дневната соба се направени со стаклени врати како би се постигнала постојана визуелна конекција помеѓу внатрешноста и дворот.
Приватните соби, како спалните, се позиционирани на западниот крај од дворот и се затворени со дрвени врати, кои по потреба можат и да се отворат.

Уживајте во галеријата.

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_1

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_2

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_4

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_3

veranda-courthouse-he-jianxiang-jiang-ying_dezeen_2364_col_9