Неколку идеи како да го декорирате вашиот дневен простор
Дневниот простор е често првата соба која гостите ја здогледуваат при влегување во вашиот дом. Гледајќи ја оваа соба, добиваат одреден впечаток за целиот ваш стан. Вашиот дневен простор е место за забава со пријателите и релаксирање со семејството, поради што нејзиниот дизајн треба да го покажува истото.
За да се направи просторот во дневната физички поголем, може да се искористат неколку декоративни идеи кои нема да ве чинат многу, а ќе го постигнат посакуваниот ефект. Еве неколку такви идеи.
Фокусирајте се на подот
Подот зазема голем простор и затоа е еден од најважните елементи во дневната соба. Користете еден материјал, како дрво, за сите простории во домот кои се поврзани со дневната како би се проширил просторот и би се создала една убава целина. Користете мебел и комоди со ногарки, за подот природно да продолжува под нив.
Искористете ги ѕидовите
Местото каде што ѕидот се соединува со подот ја дефинира големината на собата и физички и визуелно. Не можете да ја промените локацијата на ѕидовите, но можете да искористите декор што ќе ја истакнува висината на ѕидовите и ќе ја направи собата да изгледа поголема. За да го постигнете ова можете да закачите завеси со должина до подот или високи полици за книги.
Организирајте го мебелот
Непреченото движење во една соба е добар знак дека просторот е голем. Организирајте го мебелот да можат луѓето да се движат наоколу непречено. Испланирајте каде највеќе би можеле да се движат и наместете го мебелот така да можат да ги користат тие патишта слободно. Исто така, испланирајте да има доволно простор да може да се изведуваат секојдневни обврски како, отворање и затворање прозори.
Додадете фокусна точка
Ставете акцент на некоја фокусна точка како би се одвлекло вниманието на луѓето од големината на собата. Фокус може да биде некој карактеристичен ѕид, или пак едно парче мебел кое е контрастно на ѕидовите. Исто така може да се стави некој елемент чиј стил е поразличен од другиот декор во собата. На пример, ако повеќето елементи се традиционални, пробајте со нешто авангардно, како модерно уметничко дело.
Употребете огледала кои ќе рефлектираат светлина
Огледалата рефлектираат светлина и ги прават ѕидовите да изгледаат подалеку, што ја прави и самата соба визуелно поголема. Поставете ги пред вашиот омилен декор, како цвеќиња или скапи завеси, да рефлектираат убавина, пријатна за око. Можете да поставите огледало на подот или да искористите група на мали огледала закачени на ѕид.