Блог

Во Австралија, на сончевиот брег Квинсланд, во предградието Дунан се наоѓа една куќа, дизајнирана околу три примарни елементи: бела бетонска плоча која личи дека лебди во воздухот, долги застаклени ѕидови од подот до таванот и речиси целосно рамен кров. Оваа „куќа од соништата“ е дело на архитектот Сара Валер. Изградена е во стилот на куќите од 50-тите години со познатиот „Модерен“ правец кој се карактеризирал со прецизни линии, тотална транспарентност и минимални детали кај дизајнот.

2

3

1

Застаклените ѕидови се простираат по должина на целата куќа и дозволуваат природната светлина од надвор да продира низ неа. Внатрешните елементи се убаво осветлени како би биле забележителни и од надвор. Во дворот се истакнуваат палмите.

4

5

7

6

Кујната се карактеризира со ограничена палета и чисти, прецизни линии кои го доведуваат до совршенство нејзиниот минималистички дизајн. Елементите се едноставни, не се премногу впечатливи и го прават целиот простор удобен и пријатен за око.

9

8

Покриена речиси целата со стакло, спалната соба нуди прекрасен поглед. „Ми се допаѓа тоа што го имаме целиот комфорт на затворен простор, а сепак се чувствува дел од надворешниот пејсаж. Се будиме со сонцето и ги набљудуваме сите временски промени во текот на денот“.

101

Просториите за капење се протегаат и надвор, изолирани со зеленило.

11

Базените се направени во стилот „Палм Спрингс“ кој бил популарен во 50-тите години. Покрај базените се поставени шик лежалки, идеални за релаксирање и уживање во неверојатниот поглед.

12

13

14

Сара има освоено неколку награди со дизајнот на кујната и бањата, што само говори за нејзините дизајнерски вештини.

Уживајте во галеријата.

8dc4f2118c558fd130f25c4d814b9f00

Doonan-Glass-House-8

Doonan-Glass-House-Sarah-Waller-Architecture-11

Doonan-Glass-House-Sarah-Waller-Architecture-13

e_4377f

Doonan-Glass-House-Sarah-Waller-Architecture-7

house-side1

mistermistress_SarahWaller-8

Doonan-Glass-House-4