Урбана градба на музејот на науки во Рио де Жанеиро
Наречен „The Museum of Tomorrow“, изработен од шпанскиот архитект Сантиаго Калатрава, во близина на заливот Гуанабара се наоѓа научниот музеј во Рио де Жанеиро. Музејот со скелетен покрив се протега на простор од 5000 метри квадратни. Овој проект е дел од големата ревитализација на населбата Порто Маравиља во близина на заливот.
„Рио де Жанеиро му постави пример на светот, за тоа како да се спаси еден квалитетен урбан простор, преку драстична интервенција и создавање на културната установа „The Museum of Tomorrow“. Оваа визија не натера во нашиот прв дизајн да додадеме и плоштад пред музејот“, вели архитектот. „Плоштадот создава урбан простор и ја покажува убаво, трансформацијата на целата населба“.
Зградата е ориентирана по должина на северно-јужната оска на заливот. Ваквата поставеност ја нагласува хоризонталата на дизајнот, која е составена од масивен кров на кој се поставени соларни панели кои се позиционираат самите накај сонцето.
Кровот е составен од искривени бели ребра. Влезот е во облик на половина круг.
Водата од заливот се користи да ја лади зградата, и од неа се полнат големите рефлектирачки базени на двата краја на музејот. Потоа водата се враќа назад во морето.
Внатре музејот располага со привремени и постојани изложбени салони, аудиториум со 400 места, центар за едукација и продавница за сувенири.
Целосно белиот ентериер е составен од искривени ѕидови, скали и тавани.