Блог

Уредувањето на станот може да биде мошне забавно. Со првото влегување во целосно празен простор, како сопственик, веднаш почнувате да планирате која ќе биде бојата на ѕидовите и каков мебел ќе искомбинирате со неа. Изборот на бои за ѕидовите воопшто не е едноставен, особено ако станот е мал. Бојадисувањето на ѕидовите во бела боја е најчесто решение како би се отворил просторот, но е и многу здодевно.
Затоа ви ги претставуваме најдобрите комбинации на бои во кои би можеле да го бојадисате вашиот дом.

Темно сина
Понекогаш, малите простори се најпогодни да се потенцира нешто. Темно сината боја создава перцепција на длабочина, правејќи го просторот да изгледа поголем.

painting+contractor+Chicago

dark-blue-living-room-walls

Сребрена
Како што веќе кажавме, колку е помал просторот, толку повеќе може да се користат темни бои за ѕидовите. Сепак, ако имате мал стан, сребрената боја ќе го направи просторот модерен и пријатен. Во комбинација со посветла сива нијанса, може да се добие прекрасен и модерен стан. Сребрената боја е одлична алтернатива за белата и бежовата боја.

66904658

66904696

Светло сива и бела
Користењето на светло сива боја во комбинација со бела создава контраст и ја прави собата да изгледа светла и свежа. Оваа комбинација е поинтересна од целосно бојадисан стан во бела боја. Сивата боја одлично одговара и со дрвени тонови.

Best+Painting+Company+Edgewater

Зелена

Вистинската нијанса на зелена боја може да ја направи собата смирувачка и полна со енергија. Бледо зелената боја може убаво да се вклопи без да го оптерети просторот. Зелената боја е природна и нѐ поврзува со природата. Користејќи ја во мала соба од домот, во комбинација со портокалова боја, може да го направи станот посебен. Исто така, оваа боја е одлична за во детската соба бидејќи е интересна и живописна, па убаво изгледа со детските играчки.

top+rated+painters+Chicago

top+rated+painters+lake+view

Небесно сина
Се вели дека небесно сината предизвикува јасност и чистота. Оваа боја може да ве смири и да создаде чувство на ведрина. Бидејќи е посветла нијанса на сината боја, може да биде неутрална при избор на светол мебел. Небесно сината оди совршено во комбинација со белата боја. Ваквата комбинација ќе ја направи вашата соба да изгледа поголема и безвременска.

painting+contractor+elmhurst

Screenshot_6

painting+contractor+lake+view

painting+contractor+elmhurst