Блог

Класичниот дизајн потекнува од европската култура, како Викторијанската или Арт Деко. Можат да се спомнат и Грчката и Римската култура како една од главните инспирации на класичниот дизајн. Споени заедно класичниот и модерниот дизајн го создале Европскиот модерен-класичен дизајн на ентериер.

classic-style-beige-living-room

Modern-Classic-Style-In-This-Interior-Design-Project-5

Правилно одберете ги боите и материјалите

Мебелот треба да биде минималистички, комбинација на модерен и класичен стил. Самиот мебел не повеќе популарен како порано, но сеуште е тренди. Треба да е едноставен и без многу резби на него. Главни бои кои одат со овој стил се кафена, беж, црна или чоколадна.

Modern_Classic_Retro_Glam

2

Tralhao-Gallery-Casa-Ideal-Boca-Do-Lobo-Project-01-1024x707

Modern-Classic-Whitelands-master-bedroom

Како би се добила комбинација од модерен и класичен стил, бојата е клучен фактор. Модерни бои се сива, сребрена, бела, црна, темно чоколадна и сиво-сини нијанси.

saboteur-armchair-cover-02-1024x689

Направете мала промена

Можете да го направите овој стил уште поатрактивен со додавање на неколку елементи, но не премногу. Можете да ставите елементи како вазна со само едно цвеќе, голема уметничка слика на ѕидот или неколку геометриски моделирани перници.

3

4

pinterest-5

Кога станува збор за прозорците, можете да не ги покривате со завеси, како би имале повеќе природна светлина во собата. Сепак, доколку не сакате премногу светлина, можете да поставите некои убави и едноставни ролетни.

Подот
Кај мешовит дизајн, подот е многу битен елемент. Тој треба да биде неутрален. Обично се користат килими со нежни бои или дрвен под со топли ноти. Бидејќи подот е неутрален, многу е важна текстурата на килимите. Мали черги од животинско крзно или килими со кратко влакно се многу популарен избор кај мешовитиот стил.

5

1

fortuna-press-covers-1024x726