Блог

Овој прекрасен семеен дом во Сиднеј, Австралија, бил изработен од архитектонската фирма „SAOTA“. Карактеристиките на надворешноста од куќата се комбинации од дрво, малтерисани ѕидови, и голем прозорец, составен од подвижни делови, кои се отвараат и овозможуваат прекрасен поглед од внатрешноста на куќата кон заливот.

12

Во внатрешноста се истакнуваат благо заоблените скалила кои се контрастни на опкружувањето и се совршено поставени помеѓу влезот на куќата и спалните соби. Скалилата се завиткани со дрвени прачки. Горе, во спалната соба се наоѓа лизгачка стаклена врата, која води до мал балкон.

2

9

Куќата е така дизајнирана да не постојат ѕидови кои би ги делеле внатрешните простории. Има голем отворен простор кој е поделен со скалила, кои ја имаат улогата на ѕидови. Дизајнирана е во облик на буквата „U“, а внатрешните простории се отвораат кон надворешниот простор. Таквата поставеност на куќата прави совршена сенка на тревникот, во дворот. Од едната страна на дневниот простор, има надворешен балкон со покриен дел, каде што се наоѓа трпезаријата и место за правење скара.

3

4

5

6

11

7

10

Бањата е дизајнирана со едноставна када, до која се наоѓа голем прозорец од кој може да се гледа само од внатре. Прекрасен поглед кон пристаништето, совршено за опуштање за крај на напорниот ден.

8