24
Sep

Несекојдневна градба во Сингапур

Дизајниран од архитектите „Safdie“, водопадот „Rain Vortex“ и градбата „Jewel“, го разубавуваат аеродромот во Сингапур, „Jewel Changi“. Куполата и целата градба се изработени со звучни бариери, како не би се слушале звуците од авионите кои полетуваат и слетуваат во близина. На тој начин можете целосно да му се препуштите на амбиентот и да уживате.

20190411-indoor-waterfall-jewel-changi-rtr

Оваа неверојатна стаклена градба, е поврзана со градскиот превоз и со аеродромот, преку неколку мостови. Во внатрешноста, во средината на градбата, опкружен со зеленило, се наоѓа најголемиот внатрешен водопад, висок 40 метри и произведува околу 38000 литри вода во една минута. „Rain Vortex“ водопадот, се снабдува со собрана вода од дождовите. Покрај водопадот и градината, можете да одите и на шопинг во продавници кои се наоѓаат на пет нивоа.

changi-airport-jewel-hsbc-rain-vortex

colin-j4-12

metalocus_jewel-changi-airport-building_safdie-architects_04

На кровот на градбата се наоѓа голема купола изработена од стакло и решеткаста обвивка. Дизајнот на куполата и кровот ја прават целата градба совршена.

„Тороидната инверзна купола на градбата „Jewel“ создава нов тип на просторно искуство. Преку ден може да се види прекрасно уредената градина, комбинирана со седум нивоа за шопинг и објекти од аеродромот.“

JewelChangiAirport_05-960x641@2x

Стаклото е така изработено да ја максимизира светлината, а да спречи преголемо загревање на просторот, како би имале растенијата во градината, совршени услови за растење.

„Светлината продира насекаде, додека кровот е отворен надоле и создава драматичен водопад, кој се спушта 7 нивоа.“

JewelChangiAirport_04-960x640@2x

Водата од водопадот се користи за наводнување на растенијата во градбата. Целата градина, прави да се чувствувате како да се наоѓате во природа и можете слободно да заборавите на вашите секојдневни проблеми.

JewelChangiAirport_03-960x641@2x

JewelChangiAirport_01-960x640@2x

JewelChangiAirport_06-960x720@2x