Чудесна градба на облакодерот – „Morpheus“
Во познатото туристичко место Макао, градот на соништата, новата градба, хотелот наречен „Morpheus“, остава без зборови. Дизајниран од тимот на „Zaha Hadid Architects“, ова е првиот облакодер изграден со челичен егзоскелет чија форма се менува. Името го добил по грчкиот бог Морфеј – бог на сонот, кој го менувал својот лик.
Овој комплексен дизајн се состои од две меѓусебно поврзани кули, изградени на цврсти темели, во неверојатна конструкција. Благодарение на технологиите на параметри на дизајн, овој проект бил завршен успешно како што бил и замислен. Почнувајќи од лобито високо 35 метри, одејќи нагоре, целата градба се врти и испреплетува се до таванот, на кој се наоѓа голем базен на отворено и два луксузни апартмани.
Фасадата инспирирана од Кинеската традиција, направена е од цврсти материи и големи празнини. Во внатрешноста од зградата посетителите можат да уживаат во погледот од дванаесет стаклени лифтови. Овој хотел располага со 780 соби, апартмани и приватни домови, распоредени на 40 спрата. На 21-от спрат се наоѓа еден неверојатен ресторан, кој е свртен накај надворешниот свет, а сепак нуди приватност со помош на алуминиумските прегради во форма на семе. Покрај сето ова хотелот располага и со простории за состаноци и најразлични настани, соби за игри, спа, теретана.
Ентериерот на оваа градба е составен од големи простори, кои се непрекинати со потпорни ѕидови.
„Комплексот е совршено организиран, поради неговиот структурен интегритет и формата на градбата“, објаснува Вивиана Мускетола, директорот на проектот. „Дизајнот е интригантен бидејќи не упатува на традиционална архитектонска градба. Зградите во Макао обично се градени според актуелните архитектонски стилови од целиот свет. „Morpheus“ еволуираше во градба која стана нов архитектонски израз на градот“.