Блог

Во познатото туристичко место Макао, градот на соништата, новата градба, хотелот наречен „Morpheus“, остава без зборови. Дизајниран од тимот на „Zaha Hadid Architects“, ова е првиот облакодер изграден со челичен егзоскелет чија форма се менува. Името го добил по грчкиот бог Морфеј – бог на сонот, кој го менувал својот лик.

15_ZHA_Morpheus_photo_Virgile_Simon_Bertrand

Овој комплексен дизајн се состои од две меѓусебно поврзани кули, изградени на цврсти темели, во неверојатна конструкција. Благодарение на технологиите на параметри на дизајн, овој проект бил завршен успешно како што бил и замислен. Почнувајќи од лобито високо 35 метри, одејќи нагоре, целата градба се врти и испреплетува се до таванот, на кој се наоѓа голем базен на отворено и два луксузни апартмани.

14_zha_morpheus_photo-virgile-simon-bertrand

19_ZHA_Morpheus_photo-Ivan-Dupont-e1532315575248

Фасадата инспирирана од Кинеската традиција, направена е од цврсти материи и големи празнини. Во внатрешноста од зградата посетителите можат да уживаат во погледот од дванаесет стаклени лифтови. Овој хотел располага со 780 соби, апартмани и приватни домови, распоредени на 40 спрата. На 21-от спрат се наоѓа еден неверојатен ресторан, кој е свртен накај надворешниот свет, а сепак нуди приватност со помош на алуминиумските прегради во форма на семе. Покрај сето ова хотелот располага и со простории за состаноци и најразлични настани, соби за игри, спа, теретана.

exterior_detail_63700950513634403

zha-morpheus-hotel-macau-architecture-photo-virgile-simon-bertrand_dezeen_2364_col_1

unique-dining-pods-for-morpheus-hotel-in-macau-u060918-5

10_ZHA_Morpheus_photo_Virgile_Simon_Bertrand

Ентериерот на оваа градба е составен од големи простори, кои се непрекинати со потпорни ѕидови.

„Комплексот е совршено организиран, поради неговиот структурен интегритет и формата на градбата“, објаснува Вивиана Мускетола, директорот на проектот. „Дизајнот е интригантен бидејќи не упатува на традиционална архитектонска градба. Зградите во Макао обично се градени според актуелните архитектонски стилови од целиот свет. „Morpheus“ еволуираше во градба која стана нов архитектонски израз на градот“.

ignant-architecture-zaha-hadid-architects-morpheus-hotel-016-1440x1074

DSC_8745-e1535957680136

morpheus-1

DSC_2634-e1535957871670

Macau_gallery2WEB

morpheus-hotel-1