Блог

Минималистичката естетика се води според принципот – „помалку е повеќе“. Со овој принцип можете да постигнете, вашиот дом да биде чист, модерен и да се намали нередот во него. Во комбинација со минимализмот, совршено оди еден декоративен елемент, а тоа се растенијата. Тие му даваат една убава боја на неутралниот простор и го прават воздухот почист.

Овој пентхаус на два ката, сместен во Киев, содржи неколку впечатливи елементи. Покрај тоа, просторот во овој апартман им дозволува на растенијата да завземат централно место. Целиот ѕид во дневната соба е покриен со растенија кои прават да се чувствувате како да сте во друг свет. Мебелот е поставен до ѕидот со растенијата и имате чувство како да сте во природа.

2

4

Малите масички за кафе, се едноставни и елегантни, изработени од бел мермер. Дури и во минималистички уредениот простор, има место за полици со книги.

3

5

Сијалиците во трпезаријата се забележителни и се совршено искомпонирани со едноставните црни столчиња. Движејќи се во кујната, забележуваме прекрасен шанк изработен од бел мермер.

10

12

8

До спалната соба на вториот спрат, не водат модерни скалила. Спалната е декорирана со стилски мебел и одлично организиран плакар. Во целата соба има само едно растение, кое е доволно да ја поврзе оваа соба со останатиот декор од апартманот.

14

15

16

Во бањата има совршен контраст, црниот мермер искомбиниран со дрвени тонови. Зелениот акцент на ѕидовите ги претставува растенијата во целиот апартман.

18

19