Блог

Затскриено во шкотските висорамнини, се наоѓа поранешното живеалиште на свештениците од Шкотска, сега претворено во интимен дом. Организацијата „Wildland“ во соработка со „Groves-Raines Architects“ ја изработија оваа трансформација. „Lundies“ домот е сместен во руралното населено место Тонгеј. Оваа градба датира уште од 17-ти век, а денес ентериерно е преуредена во скандинавско-шкотски стил.
На долниот кат од градбата се наоѓаат три спални соби со неутрални бои, сите со голем брачен кревет и засебен тоалет. Најгорниот кат е посебна соба од која има неверојатен поглед кон прекрасната природа.
Главната просторија за седење е обоена во зелена боја. Во центарот на собата се наоѓа сив кауч. Во трпезаријата е забележителен големиот мурал направен од францускиот уметник Клер Баслер, на кој може да се видат трева и цвекиња кои се издигнуваат кон сивото небо.

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-_dezeen_2364_col_0

Столиците се карактеристични, изработени од дабово дрво, додека масата е изработена од мермер. Во дел од собите ѕидовите се изработени од тули, подот од камен и дрвени елементи.
Погледнете ја целата галерија од слики и уживајте.

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-_dezeen_2364_col_1

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-_dezeen_2364_col_10

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-extra_dezeen_2364_col_15

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-extra_dezeen_2364_col_3

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-extra_dezeen_2364_col_17

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-_dezeen_hero-1-1704x959

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-extra_dezeen_2364_col_11

lundies-house-tongue-scotland-guesthouse-interiors-hotels-wildland-extra_dezeen_2364_col_16